Ќе градиме инфраструктурни објекти со кинески кредити

Bez autora
Nov 28 2012

Македонија ќе земе кредити од кинеската Експорт-импорт банка за да изгради автопати, магистрални патишта, железнички пруги, мостови, електроенергетски и телекомуникациски објекти. За таа цел, вчера во Скопје беше потпишан меѓудржавен договор меѓу министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и кинескиот амбасадор во земјава, Цуј Џивеи. Со Договорот се дава приоритет на изградбата на автопатска делница Миладиновци - Штип за кој веќе е изготвен финален проект и е почнат процес за експропријација. На ниво на автопат ќе биде и патот Кичево - Охрид, за кој исто така веќе се изготвени проекти, а за патот Охрид - Св. Наум Агенцијата за државни патишта во наредните две години треба да изготви проектна документација. За финансирање на делниците се планира да се искористат дел од 10 милијарди евра што ги најави кинеската влада за развој на Југоисточна Европа, со кредитирање преку Експорт-импорт банка.

Ќе градиме инфраструктурни објекти со кинески кредитиМакедонија ќе земе кредити од кинеската Експорт-импорт банка за да изгради автопати, магистрални патишта, железнички пруги, мостови, електроенергетски и телекомуникациски објекти.

За таа цел, вчера во Скопје беше потпишан меѓудржавен договор меѓу министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и кинескиот амбасадор во земјава, Цуј Џивеи.

- Со Договорот се дава приоритет на изградбата на автопатска делница Миладиновци - Штип за кој веќе е изготвен финален проект и е почнат процес за експропријација. На ниво на автопат ќе биде и патот Кичево - Охрид, за кој исто така веќе се изготвени проекти, а за патот Охрид - Св. Наум Агенцијата за државни патишта во наредните две години треба да изготви проектна документација - истакна Јанакиески.

За финансирање на делниците се планира да се искористат дел од 10 милијарди евра што ги најави кинеската влада за развој на Југоисточна Европа, со кредитирање преку Експорт-импорт банка.

- За патот Миладиновци - Штип нашата тенденција е да искористиме дел од тие 10 милијарди евра, а во иднина можеби ќе има и други поповолни линии или друг начин на финансирање. Во конкретниот случај за тие 10 милијарди евра се работи за многу поволно кредитирање од кинеската Ексим банка - појасни Јанакиески.

Тој укажа дека Владата сака да се реализираат сите приорити, но мора да се исполнат сите услови во согласност со Стратегијата за надворешниот долг, капацитетот на двете држави и сите останати мерки што ќе бидат преземени во иднина.

- Македонија е во границата на ниско задолжени земји, но сепак треба да се почитува Стратегијата за надворешниот долг во РМ при евентуални кредити за изградба на инфраструктурата. Но, овие проекти се наш приоритет и во соработка со Министерството за финансии и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ќе утврдиме динамика, бидејќи паралелно Министерството за транспорт и врски со Министерството за финансии работи и на обезбедување средства за изградба на Коридорот 8 кон Бугарија и за гасификацискиот систем - појасни Јанакиески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik